Пред стартот на новата сезона 36 годишниот италијански напаѓач Чиро Имобиле соопшти дека донел одлука да ја заврши неговата професиоанла фудбалска кариера.
Тој во соблекувалната на ФК Париз каде што играше од февруари годинава емотивно им соопшти на неговите соиграчи дека донел тешка одлука да прекине да игра професионален фудбал по речиси дведецениска кариера.
Имобиле ја започна кариерата во Јувентус, а подоцна играше и за Џенова, Торино и Борусија Дортмунд.
Сепак најголем печат остави во Лацио каде што играше од 2016-2024 и во тој период постигна 207 голови и 55 асистенции на 340 одиграни мечеви за Лацио.
Слични новости
Претседателот на шпанската Ла Лига побара оставка од Инфантино
Претседателот на шпанската фудбласка Ла Лига Хавијер Тебас изјави дека првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација ( ФИФА) би требало да си поднесе оставка поради уништување на фудбалот.
