Чилеанците излегуваат на гласачки места во неделата за да изберат нов претседател, спротивставувајќи ја владејачката левица против крајната десница по кампањата обележана со страв од криминал и отпор кон имиграцијата.
Иако една од најбезбедните земји во Латинска Америка, Чиле се соочи со раст на организираниот криминал последните години, проблем што беше во центарот на изборната кампања во која левицата и крајната десница наметнаа свој безбедносен наратив.
Претседателот Габриел Борич, кој е од хрватско потекло, не може да се кандидира за втор мандат поради уставните ограничувања.
Комунистката, 51-годишната Жанет Хара, кандидатката на владејачката централно-левичарска коалиција, води на анкетите, но влегува на изборите во неповолен контекст. Иако ужива поголема поддршка од гласачите отколку нејзиниот крајно десничарски ривал Хозе Антонио Каста, анкетите на јавното мислење предвидуваат победа за десничарскиот или крајно десничарскиот кандидат во вториот круг.
Педесет идеветгодишниот Хозе Антонио Каст, татко на девет деца, трет пат се кандидитар за претседател. Во 2021 година, тој беше поразен од Габриел Борич, кој беше избран по бранот ветувања за спроведување длабоки социјални реформи и усвојување нов устав што ќе го замени оној од диктатурата на Аугусто Пиноче (1973-1990). Но, по двата неуспешни обида за уставна реформа и експлозија на криминал, што често се припишува на доаѓањето на странски банди, неговите амбиции се намалија.
Во овој контекст, сè повеќе гласачи бараат силна влада, а некои одат дотаму што го оплакуваат поранешниот диктатор, одговорен за повеќе од 3.000 смртни случаи и исчезнувања. Каст, основачот на крајно десничарската Републиканска партија, е син на германски поручник кој избегал во Јужна Америка по Втората светска војна. Неговиот татко бил нацист, а неговиот брат бил министер под Пиноче, што ги намалило неговите шанси на последните избори.
Либертаријанецот, 49-годишниот Јоханес Кајзер ги освои симпатиите на некои гласачи со ветувања за протерување на сите нелегални имигранти од земјата. Кајзер, како и Каст, е од германско потекло и некогаш бил член на неговата Републиканска партија.
Кандидатот на Народната партија (десен центар) Франко Париси, од друга страна, рече дека би можел да ја минира границата меѓу Чиле и Боливија за да ја спречи имиграцијата.
На левицата, Жанет Хара се обиде да ги намали своите врски со Комунистичката партија, на која ѝ припаѓа уште од адолесценцијата, тврдејќи дека може да ја напушти ако победи. Поранешната министерка за труд во владата на Борич се залага за политика на економски раст во комбинација со социјална правда, додека ветува зајакнување на полицијата и контролата на миграцијата.
Слични новости
Замир постави нова граница со Појасот Газа
Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии
Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе
Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе
Макрон по примерот на Трамп ѝ се закани со царини на Кина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека му се заканил на Пекинг со царини за време на посетата на Кина доколку не преземе мерки насочени кон намалување на растечкиот трговски суфицит со Европската унија


