Чешкиот тенисер Јакуб Меншик се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос каде што ќе игра против Александар Зверев, откако во четвртфиналето го победи со убедливи 3:0 Бразилецот Жоа Фонсека.

Првите два сета Чехот ги доби глатко, со брејкови на противничкиот сервис, а во третиот сет се водеше возбудлива борба со по два брејка на обете страни, но крајот Меншик победи во тај-брејкот.

Младиот Фонсека претходно на Ролан Гарос го елиминираше Новак Ѓоковиќ.  

Слични новости

Астон Вила го „прегази“ Фрајбург во финалето и ја освои Лига Европа

Астон Вила го „прегази“ Фрајбург во финалето и ја освои Лига Европа

Фудбалерите на Астон Вила ја освоија Лига Европа, откако синоќа во финалето во Истанбул убедливо го совладаа Фрајбург со резултат 3:0. Разликата во квалитет беше огромна и Фрајбург практично не се ни закани по голот на Астон Вила, која можеше да победи и поубедливо.