Чешкиот тенисер Јакуб Меншик се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос каде што ќе игра против Александар Зверев, откако во четвртфиналето го победи со убедливи 3:0 Бразилецот Жоа Фонсека.
Првите два сета Чехот ги доби глатко, со брејкови на противничкиот сервис, а во третиот сет се водеше возбудлива борба со по два брејка на обете страни, но крајот Меншик победи во тај-брејкот.
Младиот Фонсека претходно на Ролан Гарос го елиминираше Новак Ѓоковиќ.
Слични новости
Рафаел Леао заминува од Милан
Португалскиот фудбалски репрезентативец Рафаел Леао потврди дека ќе го напушти Милан по завршувањето на Светското првенство во фудбал, истакнувајќи дека сака да ја продолжи кариерата во друга лига.
ПСЖ вечерва на својот стадион „Паркот на принцовите“ ќе ја прослави втората последователна титула во ЛШ и покрај немирите во Париз
Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен денеска ќе го прослави освојувањето ба втората последователна титула во Лигата на шампионите со навивачите на улиците на Париз, а во текот на вечерта на нивниот стадион „Паркот на принцовите“ и покрај немирите што настанаа синоќа по победата врз Арсенал во финалето.
Новак Ѓоковиќ не размислува да се повлече од тенисот по поразот на Ролан Гарос од Фонсека
По вчерашниот пораз од бразислкиот тенисер Фонсека на Ролан Гарос, иако водеше со 2:0 во сетови, Новак Ѓоковиќ изјави дека засега не размислува да се повлече од тенисот, иако за прв пат по 17 години е елиминиран од Ролан Гарос пред да се пласира во четвртфиналето.


