Четири лица загинаа, а 20 се повредени кога средношколец денеска отвори оган во училиште во југоисточната турска провинција, Караманмарас, потврди гувернерот Мукерем Унлуер.

Меѓу убиените, како што рече Унлуер, има и наставник и додаде дека напаѓачот бил ученик во училиштето кој користел оружје на татко му што го сокрил во ранецот. Гувернерот додаде дека и напаѓачот е меѓу загинатите.

Пукање во Турција имаше и вчера во средно училиште во Сиверек, пришто 16 луѓе беа повредени, по што напаѓачот, инаку поранешен ученик во училиштето, изврши самоубиство.

 

Слични новости

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската армија навлезе во јужен Либан

Израелската војска соопшти дека почнала „целна копнена операција против клучни цели“ во јужен Либан, испраќајќи повеќе сили подлабоко во областа како дел од проширената тампон-зона