Четири пациенти од пожарот во Кочани кои се лекуваат во странство се во критична состојба, а очекуваме осум да се вратат неделава во државава, изјави министерот за здравство Арбен Таравари на денешната прес-конференција.
На 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани изби пожар во кој животот го загубија 59 лица, претежно деца и млади, а над 200 беа повредени.

Веднаш по несреќата голем дел од повредените беа испратени на лекување во странство, каде што во моментов има 115 пациенти.
Таравари кажа дека денеска се очекува да бидат испишани 16 пациенти од домашните болници, каде се лекуваат вкупно 46. На Клинички центар се лекуваат 26 пациенти и по 10 во ГОБ 8 Септември и во Свети Наум Охридски, во приватните болници осум пациенти.
Во фаза на инфекции сме, можни се компликации. Колегите даваат максимум. Се надевам барем половина од пациентите ќе се вратат за две недели, изјави Таравари.
Слични новости
Мицкоски: Лидерската средба е пресериозна тема за да се разговара преку медиуми, подготвен сум да се сретнаме
Доколку претседателот на СДСМ има конкретен предлог и план што треба да се направи по тргедијата во Кочани стојам на располагање и подготвен сум да се сретнеме и да поразговараме на оваа тема, изјави премиерот
СДСМ побара одговорност од министерот Тошковски за нарушената безбедност во државата и несреќата во Кочани
Потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски вели дека врвот на МВР и БЈБ треба да понесе одговорност и без селективност и без заобиколување да се утврдат сите лица кои имаат најголема одговорност за трагедијата
Мицкоски: Прерано е да се разговара за заеднички кандидат со СДСМ за градоначалник во Кочани
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека рано е да се размислува за заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, по информациите дека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, планира да го изнесе тој предлог на лидерска средба