Четири лица се уапсени во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во скопската општина Ѓорче Петров. Телма објави дека уапсените при распитот во станица ги признале делата.
Извори од истрагата велат дека во едниот напад учествувале двајца, а во вториот тројца. Четвртиот уапсен бил возачот кој ги превезувал, акој се бранел дека не знае што планирале и правеле неговите патници.
Во автомобилот на осомничениот возач се најдени траги поврзани со разбојништвата, а во домовите на жртвите се најдени и ДНК трагови од уапсените.
На 22 октомври 62 годишник беше пронајден мртов во неговиот дом со знаци на насилство. Телма јавува и дека осомничените биле фатени на видео камера на една од соседните куќи. Соседите велат дека истиот ден бил направен обид за грабеж и во куќа на соседната улица, во која не живеел никој.
На 27 месецов, 76 годишна жена беше пронајдена од нејзината ќерка без знаци на живот и со исто така видливи траги на насилство.
Слични новости
Колони возила на Богородица
На граничниот премин Богородица има големи колони возила поради продолжениот викенд и за влез во Грција се чека меѓу 1 и пол и 2 часа. Движењето на возилата е забавено и поради фактот што грчките полициски служби повторно го воведоа системот за проверка ЕЕС, кој работи бавно.
Ставен под контрола големиот пожар кој од Преспа стигна до Пелистер
Пожарот што вчера избувна во Преспа и навлезе во Националниот парк „Пелистер“, во подножјето од ресенска страна, е ставен под контрола, информира ЦУК.
Заради величењето на осудениот воен злосторник Младиќ – Китановиќ може да ја изгуби директорската функција во владата
Китановиќ објави фотографија на која Младиќ е прикажан заедно со личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со натпис „Генерали на небеската војска“.


