Селекцијата на Србија синоќа загуби со 2:1 на гостувањето во „Филипс“ арената во Ајндховен од Холандија во четвртото коло од Лигата на нациите. Ова беше и четврти пораз на селекторот Вељко Пауновиќ во четвртиот меч од Лигата на нациите.
Холандија поведе во 31-та минута со голот на Копмајнерс од слободен удар. Србија израмни четири минути подоцна преку Цветковиќ и на полувреме беше 1:1.
Конечниот резултат и победата на Холандија ја донесе Џошуа Зиркзе во 72-та минута од натпреварот.
По натпреварот српскиот селектор Вељко Пауновиќ изрази големо незадоволство од судењето, а протестираше против судиските одлуки и за време на самиот натпревар.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
