Алис Елизабет Вајдел, кандидатка за канцеларка на Алтернатива за Германија (AfD), неочекувано е јавното лице на евроскептичната и противмигрантска десничарска партија којашто се претставува како бранител на традиционалните семејни вредности и обичните луѓе, пишува Reuters.
Четириесет ипетгодишната Вајдел посвои два сина којашто ги расте со партнерката, филмска продуцентка по потекло од Шри Ланка.
Вајдел зборува и мандарински јазик, бидејќи докторирала економија во Кина. Уште еден интересен момент поврзан со неа е што таа потекнува од западот на Германија, а нејзината партија е најсилна на истокот на земјата.
Вајдел работела за финансиските гиганти „Goldman Sachs“ и „Allianz Global Investors“, како и како самостојна деловна консултантка пред да влезе во политиката.
Меѓутоа, токму поради невообичаениот профил, таа е важна за AfD, бидејќи етаблираните партии преку институциите власта, вклучително и разузнавачко -безбедносните агенции и преку мејнстрим медиумите, ја обвинува и следи за наводни противдемократски вредности. Преку Вајдел, имено, партијата го дава впечатокот за либералност, како и со фактот што многу нејзини пратеници се потомци на мигранти со генерации, оценуваат аналитичарите.
Аналитичарите сметаат и дека по прашањето на разните теми, таа се чини посмирена и покомпетентна од некои од нејзините партиски колеги, наведува Reuters.
Критичарите, пак, ја нарекуваат „немилосрден опортунист“ и „волк во јагнешка кожа“.
„Вајдел е некој кој може подобро да допре до пошироката јавност од типичниот припадник на AfD, до средната класа, до буржоазијата“, вели Оливер Лембке, политиколог од Универзитетот во Бохум.
Таа од септември 2017 година, заедно со Александар Хауланд и од септември 2021 година, заедно со Тино Хрупала е копретседател и ја водат пратеничката група во Бундестагот. Од февруари 2020 година до јули 2022 година, ја водеше AfD за сојузната покраина Баден-Виртемберг. Од јуни 2022 година заедно со Тино Хрупала е претседател на AfD, a партијата последните години капитализирајќи на фрустрациите од канцеларот Олаф Шолц и неговата коалициска влада, како и од „минатиот труд“ на демохристијаните од периодот на Ангела Меркел, бележи раст на популарноста.
Падот на трипартитната владејачка коалиција доведе до распишува на предвремени избори коишто ќе се одржат на 23. Февруари. Според анкетите AfD, со меѓу 18 и 19 отсто поддршка е втора зад демохристијаните од унијата CDU/CSU која е на 33 отсто поддршка. Зад AfD се социјалдемократите SPD на Шолц со 15 отсто, Зелените со 14 отсто и либералните Слободни демократи (FDP) со 4 отсто, кои така не би го минале изборниот праг.,
Вајдел го опишува своето растење и воспитување како „многу политичко“, иако нејзините родители никогаш не припаѓале на некоја политичка партија. Но, нејзиниот дедо од мајчина страна, бил истакнат судија во времето на нацистичка Германија, извести минатиот месец Die Welt, како и на многумина актуелни политичари во власта, а семејството по Втората светска војна било протерано од делот на Шлезија кој сега е дел од Полска.
Вајдел во 2013 година ѝ се приклучи на AfD, формирана истата година како евроскептична и партија која се противеше на постоењето на еврото, поради противењето на спасувањето од банкрот на државите со помош на буџетите во текот на големата финансиска криза во еврозоната. На партијата ѝ се приклучи пред скршнувањето в десно и фокусирањето на борбата против миграцијата во периодот од големата мигрантска криза кога во 2015 година во Германија влегоа повеќе од милиони мигранти и бегалци, главно од Блискиот исток и Африка.
Вајдел е скептична и по прашањето на причините за климатските промени и начините за справување со нив, сака намалување на даноците, укинување на минималната плата, намалување на државниот апарат и запирање на скапата и засега без никакво позитивен резултат скапата транзиција кон јаглеродно неутралната економија. Исто така, повика на многу построги рестрикции во поглед на имиграциите, потпирајќи се на силно изразеното во Германија поради големиот прилив на мигранти последните години.
Слични новости
Израелска окупација на сириските територии: Како ќе реагира Трамп
Историјата не учи дека Израелците се многу вешти во тоа да ги користат сериозните грешки на своите соседи. Постои голема веројатност дека Трамп може да прифати уште едно израелско заземање на сириски територии.
Сириските бунтовници ги прават првите чекори во транзицијата на власта
Брзото соборување од власт на претседателот Башар ал-Асад ги остави Сиријците, земјите во регионот и светските сили во вторникот нервозни за она што следува, додека бунтовничката исламистичка коалиција ги прави првите чекори во транзицијата на власта
Кој беше авторитарниот претседател на Сирија Башар ал Асад
Башар ал-Асад студираше офталмологија во Лондон и планираше кариера на очен лекар. Откако неговиот постар брат Басел загина во сообраќајна несреќа...