Италијанската Серија А би можела да стане првата голема европска лига која ќе игра натпревари од регуларната сезона во Соединетите држави.
Европските фудбалски гиганти со години ги посетуваат САД на претсезонски натпревари, но Италијанците сега сакаат да играат официјални првенствени натпревари на американска почва во рок од три години.
Претседателот на Лега Серија А, Ецио Симонели, потврди дека е во тек проект да се донесе фудбалот во Серија А во САД, тврдејќи дека италијанските прволигаши сакаат да станат првата лига во Европа која ќе игра лигашки натпревари на американските терени.

„Ова е пазар на кој сметаме, имаме девет американски сопственици и еден Канаѓанец, на кои им должам многу откако ме избраа, па нормално е што сакаме да се фокусираме на оваа област. Нашиот производ е прекрасен, не само што сме во лигата со најмногу американски сопственици, туку има и потенцијални купувачи кои го разгледуваат излозите, па тоа значи дека одредени групи веруваат во можноста за заработка во Италија“, изјави Симонели во Њујорк.
Комерцијалниот и маркетинг директорот на Серија А, Микеле Чикарезе, додаде дека Серија А сака да биде „придвижувач на трендовите“ и да ги жнее финансиските плодови.
„Работиме на тоа да го направиме, но има пречки кои мора да ги надминеме со правилна стратегија и со поддршка од клубовите“, изјави Чикарезе, пренесуваат италијанските медиуми.
Интер, Милан, Аталанта, Рома, Фиорентина, Парма, Венеција и Специја се во американска сопственост, додека Канаѓаните ја водат Болоња.
Во моментов некои од најголемите ѕвезди на американската репрезентација се натпреваруваат во Серија А. Кристијан Пулишик е член на Милан, исто како и неговиот соиграч Јунус Мусах. Вестон Меккени и Тимоти Веа играат за Јувентус, додека Кристофер Лунд е член на Палермо.

Слични новости
НБА: Селтикс ja добија пресметката на великаните во „ТД Гарден“
Во синоќешното дерби на НБА, Бостон Селтикс ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 111:101 во својот „ТД Гарден“, со што ја прекинаа серијата од осум победи на гостинскиот тим
Нов деветти пораз на Манчестер сити овој пат од Нотингем Форест
Би Би Си објави дека за прв пат откако менаџер на тимот е Пеп Гвардиоала Манчестер сити може да не учествува во Лигата на шампионите
Историски трипл дабл на Јокиќ во победата на Денвер врз Феникс
МВП-то на НБА лигата Никола Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА што на еден натпревар постигнал најмалку 30 поени, 20 скокови и 20 асистенции.