Фудбалерите на Челзи станаа првите полуфиналисти на англискиот Лига куп со победата од 3:1 на гостувањето кај Кардиф.
Алехандро Гарначо го постигна водечкиот гол за лондонскиот клуб во 57. минута. Дејвид Тернбул израмни во 75. минута, потоа Педро Нето во 82. минута и Гарначо со својот втор гол на дуелот во третата минута од судиското продолжение за конечните 3:1.
Уште два четвртфинални натпревари се закажани за среда: Њукасл Јунајтед е домаќин на Фулам, а Манчестер Сити е домаќин на Брентфорд. Арсенал и Кристал Палас ќе го играат својот четвртфинален натпревар на 23 декември.
Слични новости
Реал oдвај го мина третолигашот во шпанскиот куп
Фудбалерите на Реал Мадрид обезбедија место во осминафиналето на шпанскиот Кралски Куп откако го победија третолигашот Талавера де ла Реина со 3:2 на гостински терен
ПСЖ победник во Интерконтиненталниот куп по пенал серијата со Фламенго
Фудбалерите на Париз Сен Жермен се победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА откако го победија бразилскиот Фламенго со 2:1 во финалето во катарски Ал Рајан по изведувањето на пенали
„Пикси“ пред ангажман во рускиот фудбалски клуб Рубин
Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија Драган Стојковиќ „Пикси“ уште оваа зима би можел да се врати на тренерското столче, два месеци откако даде оставка на функцијата селектор на српската репрезентација.


