Фудбалерите на Челзи станаа првите полуфиналисти на англискиот Лига куп со победата од 3:1 на гостувањето кај Кардиф.
Алехандро Гарначо го постигна водечкиот гол за лондонскиот клуб во 57. минута. Дејвид Тернбул израмни во 75. минута, потоа Педро Нето во 82. минута и Гарначо со својот втор гол на дуелот во третата минута од судиското продолжение за конечните 3:1.
Уште два четвртфинални натпревари се закажани за среда: Њукасл Јунајтед е домаќин на Фулам, а Манчестер Сити е домаќин на Брентфорд. Арсенал и Кристал Палас ќе го играат својот четвртфинален натпревар на 23 декември.
Слични новости
„Пикси“ пред ангажман во рускиот фудбалски клуб Рубин
Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија Драган Стојковиќ „Пикси“ уште оваа зима би можел да се врати на тренерското столче, два месеци откако даде оставка на функцијата селектор на српската репрезентација.
Барса „го мерка“ Пау Торес од Астон Вила
Барселона бара левоног стопер од летото оваа година, а 28-годишниот Пау Торес од англискиот премиерлигаш Астон Вила се споменува како можно решение
НБА: Њујорк победник во купот
Кошаркарите на Њујорк Никс се победници на НБА Купот откако ги совладаа Сан Антонио Спарс со 124:113 синоќа во финалето одиграно во Лас Вегас


