Фудбалерите на Челзи станаа првите полуфиналисти на англискиот Лига куп со победата од 3:1 на гостувањето кај Кардиф.

Алехандро Гарначо го постигна водечкиот гол за лондонскиот клуб во 57. минута. Дејвид Тернбул израмни во 75. минута, потоа Педро Нето во 82. минута и Гарначо со својот втор гол на дуелот во третата минута од судиското продолжение за конечните 3:1.

Уште два четвртфинални натпревари се закажани за среда: Њукасл Јунајтед е домаќин на Фулам, а Манчестер Сити е домаќин на Брентфорд. Арсенал и Кристал Палас ќе го играат својот четвртфинален натпревар на 23 декември.

globe

Слични новости