За бејби бумерите Чак Норис беше легитимен мајстор на боречките вештини. За генерацијата Х тој беше полковник Брадок од филмот „Загубени во акција“ и „Текасашкиот ренџер“.

Чак Норис кој почина на Хави во 86-тата година од животот ќе биде запаметен во Холивуд како актерска ѕвезда во акциските филмови, со бренд на мачо маж сличен на оној што го изградија Арнолд Швареценегер и Силвестер Сталоне.

Мачизмот на Чак Норис стана ултрапопуларен со шеговитите мемови на социјалните мрежи во 21 век, за тоа колку е силен Чак. Чак Норис е мемот на првите декади од 21 век, и него го знаеја дури и оние генерации што никогаш не ги гледале филмовите и сериите со популарниот актер.

Слични новости

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Оскаровецот Томи Ли Џонс се приклучи на кастот на серијата „Lowdown“

Продуцентите на серијата „Lowdown“ во кастот на втората сезона го додадоа Оскаровецот Томи Ли Џонс, кој ќе им се придружи на Итан Хоук и Бети Гилпин. Засега не се објавуваат детали за ликот на Томи Ли Џонс во серијата.