Фудбалерот на Тотенхем и репрезентативец на Холандија Чави Симонс ќе мора да ги пропушти остатокот од сезоната и Светското првенство во фудбал поради тешката повреда на коленото на мечот меѓу Тотенхем и Вулверхемптон.

Симонс беше изнесен на носилки од теренот за време на второто полувреме од натпреварот на Тотенхем во Вулверхемптон. Според првите извештаи, станува збор за кинење на предните лигаменти на коленото.

Чави Симонс на социјалните мрежи нашиша дека животот може да биде суров и дека така се чувствува. Мојата сезона нагло заврши и се обидувам тоа да го разберам и да го прифатам, порача Симонс.

Слични новости

Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето

Тотенхем бара вина за лошата сезона во судењето

Според извори на Би Би Си Спорт, клубот посебно се фокусирал на недоследните одлуки што доведоа да се признаат или поништат голови по контакти во шеснаесетникот. Тотенхем смета дека е оштетен во повеќе наврати во текот на сезоната.