Управата на Реал Мадрид сака актуелниот тренер Чаби Алонсо да добие шанса и да остане на клупата на Реал Мадрид барем до јануари и дербито со Атлетико од Мадрид. Сепак, шпанските медиуми пишуваат доколку Реал Мадрид по двете врзани порази од Селта и Манчестер сити не победи викендов против Алавес, Алонсо ќе добие отказ.
Поранешниот голгетер на Реал Карем Бензема во интервју за „Екип“ изјави дека е видливо оти на реал му недостига искусен играч и лидер, што е причина за слабата конекција меѓу напаѓачите.
Тој рече дека на Реал му фали поврзаност меѓу Ембапе, Белингем, Винисиус и Родриго. „Белингем треба да разбере дека е креатор на играта, а не стрелец, а Ембапе спротивното“, вели Бензема. Тој смета дека на тимот му недостига алка која со својот авторитет ќе ги стави ѕвездите на Реал на едно место.
Слични новости
Фламенго во полуфиналето на Интерконтиненталниот куп
Бразилски Фламенго се пласираше во полуфиналето на Интерконтиненталниот куп откако го победи мексиканскиот претставник Круз Азул со 2:1 во четвртфиналето играно во во Ал Раијан
Орландо со пресврт против Мајами
Орландо Меџик и Њујорк Никс се тимовите кои ќе се борат за место во Источната конференција во финалето на НБА Купот, откако ги победија Мајами Хит и Торонто Репторс во четвртфиналето
Меси најкорисен фудбалер на МЛС лигата втора година по ред
Меси со Инер Мајами за прв пат го освои купот на шампионите на МЛС, а за време на лигашкиот дел од сезоната тој беше најдобар стрелец со 29 голови, а додаде и 19 асистенции.


