Управата на Реал Мадрид сака актуелниот тренер Чаби Алонсо да добие шанса и да остане на клупата на Реал Мадрид барем до јануари и дербито со Атлетико од Мадрид.  Сепак, шпанските медиуми пишуваат доколку Реал Мадрид по двете врзани порази од Селта и Манчестер сити не победи викендов против Алавес, Алонсо ќе добие отказ.

Поранешниот голгетер на Реал Карем Бензема во интервју за „Екип“ изјави дека е видливо оти на реал му недостига искусен играч и лидер, што е причина за слабата конекција меѓу напаѓачите.

Тој рече дека на Реал му фали поврзаност меѓу Ембапе, Белингем, Винисиус и Родриго. „Белингем треба да разбере дека е креатор на играта, а не стрелец, а Ембапе спротивното“, вели Бензема. Тој смета дека на тимот му недостига алка која со својот авторитет ќе ги стави ѕвездите на Реал на едно место.

Слични новости

ЛШ: Прва победа на Ајакс, Арсенал максимален

ЛШ: Прва победа на Ајакс, Арсенал максимален

Во дербито на шестото коло од Лигата на шампионите, Манчестер Сити го победи Реал Мадрид со 2:1 на „Сантијаго Бернабеу“, пробивајќи се на четвртото место на табелата, а лидерот Арсенал ја забележа својата шеста победа откако го победи Клуб Бриж со 3:0 на гости