За време на прославата на победата на шпанската фудбалска репрезентација во финалето на Светското првенство две лица загинаа, најмалку 80 се повредени, а 12 лица се уапсени, пренесува денеска шпанската агенција ЕФЕ.

Меѓу настраданите е и едно 13 годишно момче кое загина додека се урна фонтана во покраината Саламанка за време на прославувањата.

Во Мадрид во текот на ноќта биле уапсени седум лица, од кои пет во еден бар поради кривично дело од омраза. Здравствените служби во градот во болниците превезоа 36 повредени.

Во Барцелона медицинска помош им била пружена на 29 луѓе. Низ Шпанија се забележани голм број инциденти, вклучувајќи и напад на максирани лица врз група војници кои го гледале натпреварот во еден бар.

 

Слични новости

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Скромниот бас виртуоз од Чаир Љубе Кучкар

Стално го напињав зошто не свири професионално со таков талент. Еднаш ми рече : „Саки се уморив да се бркам. Ја бркав ритам машината на Кики у Бастион, а после го бркав Гаро на бубњеви у Парамециум. А Гаро е бетер од ритам машина“.