Неформална група црногорски студенти наречена „Каде утре?“ организираше неколкучасовна блокада на сообраќајницата пред зградата на тамошната влада во Подгорица поради наводно неисполнетите барања во врска со трагедијата во Цетиње во која беа убиени 13 лица.

Студентите од оваа група ги повикаа граѓаните од сите градови во Црна Гора да одржат заедничка блокада од 11 до 17,26 часот. Еден од организаторите на протестот Мило Перовиќ рече дека за време на блокадата ќе се обидат со врева да ја прекинат седницата на владата.

„Тука сме да направиме врева и да ја прекинеме оваа седница, да дејствуваме во граѓанска непослушност во достоинствени рамки“, изјави Перовиќ за агенцијата МИНА.

Една од членките на групата „Каде утре?“, Хана Растодер, за весникот Вијести изјави дека не очекува дека бројот на учесниците во протестот ќе биде во текот на денот поденаков, но дека „ги повикуваат сите граѓанки и граѓани да дојдат кога можат“. Истакна дека се „принудени“ повторно да ги радикализираат собирите, бидејќи власта „никако“ не реагирала.

„Ние блокираме пет дена по ред, па граѓаните самоорганизирано блокираа и во своите градови, а владата воопшто не реагира, што нè наведува да се сомневаме дека оваа влада нема слух за незадоволството на своите граѓани и дека можеби не и се еднакво важни сите нејзини граѓани. Значи, ние сме принудени – се надевам дека нема, но веројатно ќе направиме – секогаш да ги радикализираме нашите дејтвувања“, вели Растодер.

Оваа група студенти минатата седмица организираше блокади на сообаќајниците во Подгорица, додека жителите на Црна Гора истовремено самостојно иницираа сообраќајни блокади во неколку други градови.

Црногорските студенти, по трагедијата во Цетиње на почетокот на јануари, во која загинаа 13 лица, меѓу кои две деца, бараат разрешување на министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ и вицепремиерот за безбедност и одбрана Алекса Бечиќ. Според властите, пак, станува збор за политички мотивирани акции организирани од опозицијата, која со децении владееше со земјата.

globe

Слични новости

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Руте: НАТО нема да дозволи да биде загрозен мирот во БиХ

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте повика во понеделникот во Сараево кризата во Босна и Херцеговина да се смири со одговорно однесување на нејзините политичари, што не ги спречи членовите на Претседателството на БиХ да се расправаат пред него

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Романија: Централното изборно тело му забрани на крајниот десничар Џорџеску да се кандидира

Централното изборно тело на Романија во неделата му забрани на екстремно десничарскиот проруски кандидат Калин Георгеску да се кандидира на повторените претседателски избори во Романија во мај