На покана на претседателката Гордана Сиљановска Давкова црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ од денеска престојува во дводневна посета на Македонија.

Во текот на посетата Милатовиќ ќе оствари повеќе билатерални средби со македонскиот државен врв насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на економскиот развој, регионалната стабилност и европската интеграција.

Посетата, како што соопшти МНР, претставува потврда за добрите и пријателски односи меѓу двете земји и посветеност кон европската иднина.

Слични новости