Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ ги започна разговорите со пратениците од власта и опозицијата за платформата „Барометар 26“.
Платформата, Спајиќ прво им ја претстави на пратениците од сопствената партија „Европа сега“, а потоа ги продолжи разговорите со претставниците на Албанскиот форум.
Целта на оваа иницијатива е поддршка на сите општествени групи за да се реализира обврскатаа да се затворат сите 30 преговарачки поглавја со ЕУ до крајот на 2026.
Повеќето партии се одзваа на поканата за дијалог на премиерот Спајиќ, но Демократската партија на социјалистите го одби предлогот за разговор и порача дека идејата на Спајиќ била лицемерна.
За најголемата опозициска партија ДПС, секој чекор кон Европа е добредојден, но не поддржуваат „предлози кои им мачкаат очи на меѓународните партнери“.
Приказната за заеднички пат кон ЕУ, додека истовремено се поткопува граѓанскиот карактер на Црна Гора е лицемерна, изјави пратеникот на ДПС Никола Јовановиќ.
Слични новости
Косово привремено го забрани увозот на мандарини од Албанија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Косово денеска соопшти дека ја следи состојбата откако Европскиот систем за безбедност на храна алармира поради пратката со мандарини што доаѓа од Албанија
Сараево со денови меѓу најзагадените градови во светот
Според податоците собрани од швајцарската веб-страница AirQualiy, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав
Главчев: Бугарија го поддржува приемот на Западниот Балкан во ЕУ доколку се исполнат поставените услови
Конкретно кога станува збор за Северна Македонија, го имаме т.н. компромис од 2022 година, направен од наша страна. Тој е веќе европски (услов), потпишан од сите држави членки на Европската унија, вклучително и од Бугарија како земја членка, плус од Северна Македонија и нема за што да преговараме. Нашата позиција е непроменета, рече Главчев.