Хорор трилерот „Црниот телефон 2“ на режисерот Скот Дериксон се очекува да биде прв на овонеделниот Бокс Офис во Америка. Филмот почна со прикажување во четвртокот и заработи 2,6 милиони долари, а до крајот на викендот се очекува да заработи околу 20 милиони долари.
Ова ќе биде успех за студијата Блумхаус и Универзал кои во продукцијата на филмот вложија скромни 30 милиони долари.
Главната улога во филмот повторно ја толкува Итан Хоук кој го игра серискиот убиец „Грабер“ ( Одземач), а филмот одби добри оценки од префосеионалните критичари кои сметаат дека продолжението на филмот е стилски и тематски поамбициозно од оригиналот.
„Трон: Арес“ на Дизни е голема разочарување и се очекува да падне на второто место.
Слични новости
Евросонгот во Виена под закана со недостиг од буџет откако четири земји се повлекоа
Натпреварот за песна на Евровизија се соочува со потенцијален недостиг на буџет откако Шпанија, Холандија, Ирска и Словенија се повлекоа од натпреварот поради одлуката на Израел да учествува на следната година
Netflix ги купува филмските и ТВ-студија на Warner Bros
Стриминг гигантот „Netflix“ објави во петокот дека постигнал договор со„ Warner Bros. Discovery“ за купување на филмски и телевизиските студија, вклучувајќи ја и платформата HBO Max
Откриена галаксија слична на Млечниот пат стара 12 милијарди години
Индиските астрономи открија масивна галаксија слична на Млечниот пат која е стара околу 12 милијарди години, пренесе Би Би Си. Таа е голема колку една третина од млечниот пат и содржи околу 10 милијарди ѕвезди


