Трилер-хоророт „Црниот телефон 2“ на Скот Дериксон заработи неочекувано високи 27,3 милиони долари во премиерниот викенд на американскиот Бокс Офис и 15,5 милиони долари на пазарите надвор од САД за фантастична заработка од 42,8 милиони долари за филм кој беше снимен за 30 милиони долари.

Филмот е огромен успех за компанијата Блумхаус која е ќерка на големото студио Универзал. Во секвелот кој е посупешен од првиот дел главната улога на серискиот убиец „Грабер“ повторно ја толкува Итан Хоук, а со него игра и Мејсон Тејмс.

„Трон: Арес“ падна на второто место на Бокс офисот со слаба заработка од 11,1 милиони долари во САД и 14,3 милиони долари надвор од САД во втората недела од прикажувањето. Третиот дел на „Трон“ засега заработи 103 милиони долари, но тоа е далеку под очекувањата за скап блокбастер чија продукција чинеше 180 милиони долари.

 

Слични новости

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ на Фаберже продадено за рекордни 30,2 милиони долари

„Зимското јајце“ кое се смета за една од најубавите креации на Фаберже беше купено од анонимен купувач, соопшти аукциската куќа Кристи, пренесува Би Би Си. Јајцето е украсено со 4.500 дијаманти, а го нарача царот Николај Втори 1913 како божиќен поклон за својата мајка царицата Марија Фјодоровна.