Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
Нафтата Брент благо поевтини на 114,9 долари за барел
Цената на нафтата утрово падна за 0,77 насто под 115 долари за барел, а притисокот врз цените по неодамнешниот ценовен шок полека попушта.
Европската комисија го прифати планот на Тему за сузбивање на нелегалните производи
Европската комисија денеска објави дека го прифатила планот на кинеската компанија за интернет трговија Тему за ускладување со Законот за дигитални услуги и сузбивање на достапноста на нелегалните производи на интернет.
Нафтата Брент околу 115 долари за барел, европските индекси во плус
Нафтата Брент денеска на берзите се продава за околу 115 долари за барел, што е поевтинување во однос на претходните денови за 1,48 насто. Лесната американска нафта ВТИ поевтини за 1,96 насто и сега изнесува 101,25 долари за барел.


