Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
Ексон Мобајл и Шеврон ги надминаа очекувањата во профитите благодарение на растот на маржата во преработката на нафта
Ефективното затворање на Ормутскиот теснец и нападите врз рафинериите во Саудиска Арабија и Русија ги намалија капацитетите за производство на гориво, што ги дигна маржите во преработката на нафтата.
Цената на нафтата Брент над 113 долари на крајот од тргувањето во петокот
Причина за постојаниот раст на цената на нафтата се засилените геополитички тензии кои ги поттикнаа страхувањата за натамошни пореметувања во снабдувањето со нафта, пренесе Трејдинг економикс.
Народната банка на Србија и ја одзеде лиценцата за работа на Алта Банка – мнозински сопственик на поранешната Стопанска Банка Битола
Народната банка на Србија (НБС) донесе одлука за одземање на лиценцата за работа на Алта банка а.д. Белград, поради значително влошување на финансиската состојба и ризик за ликвидноста на банката.


