Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.

Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.

Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.

Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.

 

Слични новости

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Американскиот претседател Трамп предвидува драстично намалување на цената на нафтата

Трамп најави дека цените на нафтените деривати во САД набргу ќе паднат на три долари за галон, а откако се ќе се заврши и под два долари за галон. Во моментов цената на дизелот во Калифорнија изнесува 5,86 долари за галон.