Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
Нафтата Брент повторно се доближи на 100 долари за барел
Цената на нафтата Брент денеска се продава за повеќе од 99 долари за барел, што е највисока цена на нафтата на берзите во последните три месеци. Скокот на цената на нафтата е предизвикан од најновите ескалции меѓу Иран и САД во Ормутскиот теснец.
Квалком и Амазон развиваат чипови за ВИ во центри за податоци
Според спогодбата Амазон ќе купува чипови од Квалком во вредност до 60 милијарди американски долари, а од друга страна Квалком му дозволи на Амазон право на купување на акциите на компанијата во вредност од 4 милијарди долари.
Ескалира трговската војна меѓу САД и Канада Трамп воведе забрани на увоз на моторцикли, алкохол и млечни производи од Канада и воведе нови царини
Забраните се објавени за помалку од 24 часа откако канада воведе високи царини на американска стока во вредност од 20 милијарди долари, што беше мерка која Канада ја презеде откако САД први воведоа царини на канадска стока во тој износ.

