Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
Цената на нафтата Брент падна под 102 долари за барел, ВТИ на тринеделен минимум
Цените на нафтата паднаа за повеќе од 3 насто, при што референтната нафта Брент поевтини на под 102 долари за барел, приближувајќи се кон најниското јниво во последниот месец.
Американските акции во плус поради растот во технолошкиот сектор
Инвеститорите се вратија на купувањето акции на големите технолошки компании по неодамнешниот пад, додека ги следеа резултатите за изборите во американскиот Конгрес и Сенат, пренесува Си Ен Би Си.
Годишната инфлација во Бугарија порасна на 6,1 насто во октомври
Годишната инфлација во Бугарија порасна во октомври на 6,1 насто од 5,7 насто колку што изнесуваше во септември и сега е највисока за последните пет месеци, покажува најновиот извештај на бугарскиот национален институт за статистика.


