Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
Забрзува германската економија, најбрз раст на приватниот сектор од минатиот октомври
Активноста на приватниот сектор во Германија го забрза растот во септември со опоравување на услужниот сектор и продолжување на солидниот раст на производството во индустријата, покажаа резултатите на агенцијата С&П Глобал.
Нафтата Брент и натаму над 100 долари за барел, пораснаа и цените на гасот во Европа
Цената на нафтата Брент денеска поскапе, откако минатите денови забележа пад и се врати на околу 102 долари за барел. Фјучерсите на северноморската нафта Брент за ноември пораснаа за 1,36 насто на 101,7 долари за барел, додека американската нафта ВТИ месечно поскапе за 1,71 насто на 97,42 долари за барел, пренесе Си-Ен-Би-Си.
Поради прекумерен дефицит Италија останува под мерките на ЕУ
Италија нема да може да излезе од процедурите на Европската унија поради прекумерниот буџетски дефицит, откако италијанскиот завод за статистика Истат денеска потврди дека дефицитот на Италија во 2025 година изнесуваше 3,1 насто од БДП-то, односно дека е над дозволената граница од 3 насто на ЕУ.


