Советот на Централната банка на Црна Гора денеска го одзеде одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ ДОО Подгорица, откако утврдил дека компанијата повеќе не ги исполнува законски пропишаните услови за оваа дејност.
Одлуката следува по сеопфатна процена на регулаторните барања, вклучително и соодветноста на сопственикот со квалификувано учество и условите за стабилно, сигурно и законито работење.
Од Централната банка нагласуваат дека „Алта пеј груп“ не е банка и не прима депозити од граѓани и компании. Според регулаторот, одлуката не ја загрозува финансиската стабилност, ниту редовното функционирање на платниот систем.
Граѓаните и фирмите можат непречено да ги користат платежните услуги на банките и другите овластени даватели во Црна Гора, уверуваат од институцијата.
Слични новости
Без нови даноци на ЕУ и се заканува дупка во буџетот од два билиони евра
Европската комисија претходно предупреди дека буџетот на ЕУ би можел да биде намален за 40 насто, доколку државите членки не постигнат договор за новите приходи на ЕУ и одбиваат да ги зголемат националните придонеси.
Цените на дизелот ќе останат високи поради послабиот капацитет на рафинериите
Цените на дизелот ќе останат високи до крајот на годината, затоа што ограничените капацитети на рафинериите тешко можат да одговорат на обновата на потрошувачката и исцрпените залихи, оцени американската инвестициска банка Голдман Сакс.
Американските берзански индекси С и П 500 и Насдак на нови историски максимуми
Индексите пораснаа поддржани од силниот раст на технолошките компании и падот на приносот од американската државна обврзница, пренесе Си-Ен-Би-Си.


