Црна Гора и Албанија ќе добијат пофалби во новиот извештај за проширувањето на ЕУ, што утре ќе го претстави еврокомесарката Марта Кос, ќе има зборови на охрабрување за Молдавија и Украина, а за Македонија, БиХ и особено Србија нема да има многу ентузијазам, објави европското издание на Politico, пренесе N1.
Кос ќе го претстави пакетот за проширување како клучна геополитичка алатка со која ЕУ покажува дека одговара на предизвиците ширум Европа.
„Северна Македонија сè уште не ги усвоила потребните уставни измени заради вклучување на Бугарите во Уставот, што земјата се обврза да ги започне и постигне. Северна Македонија треба да ги засили напорите за почитување на владеењето на правото, особено преку заштита на независноста и интегритетот на судството и засилување на борбата против корупцијата“, објави „Радио Слободна Европа“, кој добил увид во годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјите-кандидати за членство во ЕУ.
Премиерот Христијан Мицкоски отпатува за Брисел пред објавувањето на извештајот.
Според Кос, помошта за земјите на патот кон ЕУ е начин на кој Брисел им се спротивставува на силите кои сакаат да ја дестабилизираат Унијата.
Црногорскиот весник Побједа објави дека во извештајот ќе биде наведено дека Црна Гора остварила најголем напредок во изминатата година, откако ги отворила сите 33 преговарачки поглавја. Politico вели дека целта на Црна Гора е да стане членка на ЕУ во 2027 година и дека во Брисел веќе се спрема договор за нејзино пристапување.
Се очекува извештајот да биде најостар кон Србија, при што Кос го повторила ставот на Урсула фон дер Лајен дека земјата мора да ги удвои своите напори за пристапување кон ЕУ и мора да се откаже двосмислените ставови.
Слични новости
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ


