Црвениот тепих од скалилате на зградата каде што традиционално се одржува Канскиот филмски фестивал се менуваше секојдневно од 13 до 24 мај, колку што траеше настанот, а сега се нуди на продажба по цена од едно евро за килограм.
Тон и половина од црвениот синтетички материјал по кој повторно чекореа бројни светски кино-ѕвезди оваа година добива нов живот во Марсеј во рацете на стилисти, за потребите на театарски трупи или модни ревии, пишува францускиот Le Figaro.

„Го продаваме како ‘едноставен, фин црвен филц тепих’, а не како ‘Кански тепих’, изјави за AFP Жан Ре, координаторка на „Réserve des Arts“, здружение кое рециклира отпад за креативни цели.
„Не ја продаваме оваа ткаенина за маркетиншки цели, бидејќи ќе се продава по иста цена без разлика на сè. Целта е да им биде достапна на што е можно повеќе членови“, продолжи Ре.
„Ова се предмети кои не биле наменети за повторна употреба. Со нивното рециклирање, придонесуваме за намалување на влијанието врз животната средина од одредени настани, за што раководството на Фестивалот е многу свесно“, рече Ре.
„Правиме класични торбички од тепихот во Кан, но и торби за шишиња вино, капи, футроли за очила – доста уникатни парчиња“, објаснува Елса Рамуни-Јордикијан, клиентка на „Réserve des Arts“ и секретарка на здружението „Les Nippones“, кое повеќе од четири години користи делови од познатиот тепих за рециклирање.
Слични новости
Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа од 1969. година
Холивудската ѕвезда Бред Пит купи и пресели во Калифорнија монтажна куќа која е дело на познатиот грчки архитект Николаос Ксастерос од 1969, а која ја реставрираше познатиот француски дизјанер на мебел Клемент Сивилино.
Новиот контроверзен филм Ритуал со Ал Пачино, со слаби оценки од публиката и критиката
Филмот на режисерот Деввид Мидел што го предводи мега ѕвездата Ал Пачино е базиран на вистинити настани, врз основа на книгата „Ритуал“ која предизвикува полемики во Америка со децении.
Мајкл Даглас ќе ја презентира новата реставрирана верзија на култниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“
„Лет над кукавичкото гнездо“ од 1975 што се смета за филмска класика, ги освои сите значајни категории на Оскарите таа година, вклучувајќи го и Оскарот за филм на годината што му беше врачен на Мајкл Даглас како продуцент на филмот