Црвениот крст почна со исплатата на средства во висина од 150 илјади денари на семејствата на починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани.

„Со исплатата вкупно се опфатени 58 семејства од починатите лица вклучувајќи го и починатиот возач на Брзата помош во Кочани, и 91 семејство од повредените лица кои се хоспитализирани во болниците надвор од нашата држава. За секое лице е исплатено 150.000,00 денари“,  информираат од Црвениот крст.

За две семејства од починатите лица и 24 семејства од повредените лица кои се лекуваат во странство се чекаат дополнителни податоци за да може да се изврши исплатата и за нив. Во тек е прибирање на податоци за повредените кои се лекуваат во државата.

Од Црвениот крст додаваат дека заклучно со денешниот ден собрани се вкупно 61.852.758,00 денари.

globe

Слични новости

Со реформите на кои сите чекаме, сакаме да видиме силно судство, порача Рокас

Со реформите на кои сите чекаме, сакаме да видиме силно судство, порача Рокас

Шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Михалис Рокас изјави дека одблизу ги следат случувањата поврзани со разрешувањето на членови на Судскиот совет и смета дека се што може да се гледа како мешање во независноста на судството и во функционирањето на Судскиот совет е прашање што во Брисел предизвикува загриженост.

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара еднаков третман пред законот и вистински системски реформи за безбеден и квалитетен живот на граѓаните 

Платформата на граѓански организации за борба против корупција бара еднаков третман пред законот и вистински системски реформи за безбеден и квалитетен живот на граѓаните 

Транспарентна истрага за пожарот во Кочани, реформа на казнена политика, одговорност на институциите, компаниите, теренски проверки, инспекција врз инспекторите, ревизија на постапки за добивање лиценци, итно постапување по насоките на Државната комисија за спречување корупција и Државниот завод за ревизија, како и вертикална одговорност побара денеска Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

Влада: Нема официјално барање од СДСМ за лидерска средба, отворени сме за секаков предлог и иницијатива за помош

Влада: Нема официјално барање од СДСМ за лидерска средба, отворени сме за секаков предлог и иницијатива за помош

По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.