Џон Браун успешно ги мина лекарските прегледи во Белград и официјално го стави својот потпис на договорот со Црвена ѕвезда.
„Црвено-белите“ долго беа во потрагата по нов висок кошаркар по повредата на Боломбој, а откако не успеаја да го комплетираат трансферот на Мотли фокусот беше насочен токму кон Браун.
Поранечниот кошаркар на Монако е слободен играч по истекот на договорот со „кнезовите“ , станува збор за квалитетен и искусен кошаркар, но сомнеж беше фрлен поради неговата физичка состојба по тешката повреда на рамото заработена ланската сезона во четвртфиналето од Евролигата против Фенербахче.
Браун ќе почне да тренира со остатокот од тимот, а не се исклучува можноста тој да дебитира за Црвена ѕвезда веќе в петок, на дуелот од Евролигата со Олимпијакос на кој „црвено-белите“ нема да можат да сметаат на Филип Петрушев, поради клаузула во договорот за позајмица токму од атинските „црвено-бели“.
Слични новости
Реал Мадрид интерконтинентален шампион
Фудбалерите на Реал Мадрид го освоија Интерконтиненталниот куп победувајќи ја мексиканската Пачука со 3:0 во катарски Лусаил.
НБА го претстави новиот формат на „Ол Стар“ натпреварите
Водството на американската професионална кошаркарска лига НБА соопшти дека овосезонскиот „Ол-стар“ натпревар, кој ќе се одржи на 16. февруари во Сан Франциско, ќе се игра во нов формат
НБА Kуп: Милвоки ја победи Оклахома Сити во финалето
Кошаркарите на Милвоки се новите освојувачи на НБА Купот, во финалниот меч во Лас Вегас ја победија Оклахома Сити со 97:81 (27:28, 24:22, 26:14, 20:17)