Кошаркарите на Црвена ѕвезда го победија градскиот ривал Партизан во второто „вечно дерби“ сезонава, во 13. коло од АБА лигата со 89:84 (23:26, 27:25, 23:21, 16:12).

Неверојатен шутерски натпревар одиграа белградските ривали. Три четвртини шутираа перфектно и се чинеше дека ништо не можат да промашат, што додуша беше и плод на немањето доволно цврстина во одбраните, но на крајот во драматична завршница подобро се снајде актуелниот шампион кој успеа да го добие првото дерби сезонава во рамките на регионалното натпреварување.

На почетокот се играше во серии, а во текот на втората четвртина избраниците на Жељко Обрадовиќ стигнаа до највисокот водство од +9 (41:32). Сепак, Ѕвезда имаше одговор на тоа, па на големата пауза се замина со поен предност за гостите 50:51.

Домашниот тим се соочи со проблем во финишот на првото полувреме. Филип Петрушев прерано го заврши мечот бидејќи заработи две технички грешки, со што му наштети на тимот на Ѕвезда во продолжението од дуелот.

Избраниците на Јанис Сферопулос изгледаа подобро во преостанатиот дел од натпреварот. Ѕвезда во еден момент имаше и осум поени предност 73:65. Но ниту тоа не беше доволно за да биде решено прашањето на победникот. Гостите одговорија и во последната четвртина влегоа со резултат минимално заостанување 72:73.

Замирот, а особено во редовите на Партизан каде само седум играч го изнесоа најголемиот дел од мечот, ги зафати и двете екипи во четвртиот период, па „црвено-белите“ го добија тој дел од мечот со 16:12. Сепак, мечот беше решен со две грешки на Партизан во самата завршница.

За Паеризан ова беше втор последователен пораз во регионалното натпреварување, а Ѕвезда го забележаа 10-от последователен триумф.

По 13 одиграни натпревари во АБА лигата, три екипи имаат идентичен резултат – 11:2. Во прашање се Партизан, Црвена ѕвезда и Будуќност.

globe

Слични новости