Европските центри за податоци ќе го зголемат капацитетот за 22 отсто оваа година, но сепак ќе се борат да ја задоволат побарувачката, зголемувајќи го ризикот Европа да заостане во трката кон пазарот на вештачка интелигенција, велат аналитичарите за Reuters.
Кинескиот „DeepSeek“ ги шокираше пазарите минатите седмици со подигање на изгледите за енергетски поефикасни модели со вештачка интелигенција. Малку е веројатно дека тоа ќе ги реши големите европски проблеми како што се застојот на мрежата и недостигот од соодветни локации за нови центри.

Големите софтверски компании како „Google“ и „Amazon.com“ планираат да продолжат со плановите за изградба на „хиперобемни“ центри за податоци, а на европските корпорации исто така им е потребен повеќе простор поврзан со вештачката интелигенција.
„Давателите на услуги не можат да создаваат залихи доволно брзо за да бидат во чекор со побарувачката“, рече Кевин Рестиво, директор за истражување на центрите за податоци во консултантската компанија CBRE, во својот говор на конференцијата „Kickstart Europe“.
Недостигот од простор најмногу се чувствува во традиционално големите европски центри за податоци во Франкфурт, Лондон, Амстердам, Париз и Даблин, каде што ограничувањата на електричната мрежа го ограничуваат растот на капацитетот. Како резултат на тоа, секундарните пазари низ Европа растат. Милано, Варшава и Берлин се градовите кои најбрзо се шират во 2025 година, но компаниите сѐ повеќе бараат решенија надвор од градовите
CBRE предвидува дека капацитетот што е достапен оваа година – измерен во бизнисот на центрите за податоци според количеството електрична енергија потребна за негово напојување – ќе биде околу 9,1 гигавати, при што „хиперобемнит“ центрите за податоци заземаат повеќе од една третина.
CBRE го проценува просечниот трошок за изградба на „колокациски“ простори, или простори коишто ги изнајмуваат големи компании, во рамките на центарот за податоци ширум Европа на 12 милиони евра по мегават.
Ова имплицира дека европската индустрија ќе се прошири за повеќе од 100 милијарди евра оваа година, но тоа не е ништо во споредба со тековните американски инвестиции, особено со иницијативата „Stargate“ во рамките на којашто „Oracle“, „Microsoft“ и „OpenAI“ се очекува да потрошат 500 милијарди долари во следните четири години.
„Европа ризикува да падне во технолошка зависност, гледајќи ја доминацијата на вештачката интелигенција како се консолидира меѓу САД и Кина“, вели Стијн Грове, директор на хландското здружение на центрите за податоци.

Слични новости
Што би откриле илјадниците нови документи за убиството на ЏФК?!
Фасцинацијата во САД но и во целиот свет со атентатот врз Кенеди, 35-от американски претседатели натаму трае по шест децении по самиот настан во Далас
Илон Маск е глобален проблем: Раните денови на обидот за крајно десничарска револуција
Ова се раните денови на обидот на Маск за глобализација на крајно десничарска револуција. Крајно десничарското влијание на Маск се прошири и врз земји кои не ги посетил, а за нив малку зборувал.
Избори на Косово: Курти уверен дека ќе формира нова влада
Албин Курти е убеден дека ќе успее да формира влада. „ Ние сме победници и ова е потврда на добра, просперитетна и демократска влада“, изјави Курти опкружен од приврзаниците во Приштина кои вееја алабански и косовски знамиња.