Европските центри за податоци ќе го зголемат капацитетот за 22 отсто оваа година, но сепак ќе се борат да ја задоволат побарувачката, зголемувајќи го ризикот Европа да заостане во трката кон пазарот на вештачка интелигенција, велат аналитичарите за Reuters.

Кинескиот „DeepSeek“ ги шокираше пазарите минатите седмици со подигање на изгледите за енергетски поефикасни модели со вештачка интелигенција. Малку е веројатно дека тоа ќе ги реши големите европски проблеми како што се застојот на мрежата и недостигот од соодветни локации за нови центри.

Големите софтверски компании како „Google“ и „Amazon.com“ планираат да продолжат со плановите за изградба на „хиперобемни“ центри за податоци, а на европските корпорации исто така им е потребен повеќе простор поврзан со вештачката интелигенција.

„Давателите на услуги не можат да создаваат залихи доволно брзо за да бидат во чекор со побарувачката“, рече Кевин Рестиво, директор за истражување на центрите за податоци во консултантската компанија CBRE, во својот говор на конференцијата „Kickstart Europe“.

Недостигот од простор најмногу се чувствува во традиционално големите европски центри за податоци во Франкфурт, Лондон, Амстердам, Париз и Даблин, каде што ограничувањата на електричната мрежа го ограничуваат растот на капацитетот. Како резултат на тоа, секундарните пазари низ Европа растат. Милано, Варшава и Берлин се градовите кои најбрзо се шират во 2025 година, но компаниите сѐ повеќе бараат решенија надвор од градовите

CBRE предвидува дека капацитетот што е достапен оваа година – измерен во бизнисот на центрите за податоци според количеството електрична енергија потребна за негово напојување – ќе биде околу 9,1 гигавати, при што „хиперобемнит“ центрите за податоци заземаат повеќе од една третина.

CBRE го проценува просечниот трошок за изградба на „колокациски“ простори, или простори коишто ги изнајмуваат големи компании, во рамките на центарот за податоци ширум Европа на 12 милиони евра по мегават.

Ова имплицира дека европската индустрија ќе се прошири за повеќе од 100 милијарди евра оваа година, но тоа не е ништо во споредба со тековните американски инвестиции, особено со иницијативата „Stargate“ во рамките на којашто „Oracle“, „Microsoft“ и „OpenAI“ се очекува да потрошат 500 милијарди долари во следните четири години.

„Европа ризикува да падне во технолошка зависност, гледајќи ја доминацијата на вештачката интелигенција како се консолидира меѓу САД и Кина“, вели Стијн Грове, директор на хландското здружение на центрите за податоци.

globe

Слични новости

Имаше доволно докази Трамп да биде осуден во случајот избори 2020, се вели во извештајот на специјалниот обвинител на САД

Имаше доволно докази Трамп да биде осуден во случајот избори 2020, се вели во извештајот на специјалниот обвинител на САД

Иако Џек Смит, специјалниот обвинител кој го водеше овој, и уште еден случај поднесе оставка пред Трамп да се врати во Белата куќа, судијата отвори пат за објавување на првиот дел од неговиот извештај. Документот од 137 страници е испратен во Конгресот во вторникот по полноќ.

Зоран Милановиќ убедливо до вториот претседателски мандат во Хрватска

Зоран Милановиќ убедливо до вториот претседателски мандат во Хрватска

Хрватските медиуми пишуваат дека ХДЗ бил „почистен “ на претседателските избори. Карактеристично е што ниту противкандидатот на Милановиќ Драган Приморац, ниту премиерот Андреј Пленковиќ не му честитаа на Милановиќ на победата.

Делови на Лос Анџелес претворени во пепел, расте бројот на жртвите од пожарите

Делови на Лос Анџелес претворени во пепел, расте бројот на жртвите од пожарите

Пожарникарите веќе петти ден се обидуваат да ги стават под контрола разурнувачките пожари во Лос Анџелес кои досега однесоа најмалку 11 жртви, а околу 180 000 луѓе се евакуирани. Огинот уништи цели станбени населби на Лос Анџелес, меѓу кои и домовите на некои од холивудските филмски ѕвезди.