Централната банка на Ирак денеска го негираше банкротот на банките истакнувајќи дека воведувањето на надзорни комисии или принудна управа во која било лиценцирана банка не значи нејзин стечај, туку претставува превентивна регулаторна мерка чија цел е зачувување на стабилноста на банката, непречено работење и заштита на правата на штедачите.

Централната банка во соопштението наведува дека таквите мерки се преземаат за заштита на финансискиот ситем и стабилноста на банкарскиот сектор.

Иранската банка соопшти и дека банкарскиот систем располага со доволно ниво на ликвидност за ефикасно работење и соочување со евентуални притисоци.

Слични новости