Цената на златото во вторникот утрото достигна ново рекордно ниво од 4.155 долари за унца, бидејќи неизвесноста на финансиските пазари ги тера инвеститорите да бараат побезбедни засолништа за својот капитал.
А на валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути порасна втор ден со ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 99,35 поени утрово, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 99,00 поени.
Истоврмено кусот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 151,95 на 152,55 јени.
Американската, исто така, зајакна во однос на европската валута, при што еврото се лизна на 1,1565 долари, од 1,1610 долари во истото време вчера.
Цените на нафтата, од друга страна, благо пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,08 отсто утрово, на 63,55 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,07 отсто, на 59,55 долари.
Слични новости
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година
Доларот падна во однос на кошничка валути втора седмица по ред
На светските пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничка валути падна минатата седмица, втора по ред, бидејќи инвеститорите веруваат дека американската централна банка ќе ги намали клучните каматни стапки следната седмица
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица


