Одборот на директори на Центарот за сценски уметности „Џон Ф. Кенеди“ гласаше за преименување на центарот во Центар Трамп-Кенеди, објави Белата куќа, како што објави BBC во четвртокот.

Портпаролката Каролајн Ливит објави на социјалните мрежи дека одлуката на одборот била едногласна благодарение на „неверојатната работа на претседателот Трамп во текот на изминатата година за спасување на зградата“.

Ливит, исто така, му оддаде почит на претседателот Џон Ф. Кенеди. „Ова ќе биде навистина одличен тим уште долго во иднината! Зградата несомнено ќе достигне нови нивоа на успех и раскош“, додаде таа.

Потегот би можел да биде многу контроверзен, особено во Вашингтон каде што центарот е култна знаменитост откако е изграден и именуван по Кенеди, пишува BBC.

Кратко по преземањето на функцијата, Доналд Трамп ги отпушти сите членови на одборот на директори на центарот и ги замени со свои сојузници, кои потоа гласаа Трамп да биде претседател на одборот, се додава во прилогот на британската информативна мрежа.

Претседателот обезбеди околу 257 милиони долари од конгресните средства за финансирање на големи реновирања на центарот и други трошоци.

Идејата за национален центар за сценски уметности првпат е спомената во 1950-те. Кога Кенеди, 35-от претседател на САД, беше убиен во 1963 година, центарот беше именуван во негова чест.

globe

Слични новости

Непознат вселенски објект блиску до Земјата, научниците ги отфрлуваат тврдењата за вонземјани

Непознат вселенски објект блиску до Земјата, научниците ги отфрлуваат тврдењата за вонземјани

Мистериозниот вселенски објект познат како Зи/АТЛАС утре ќе се најде на најблиската точка во однос на планетата Земја, додека научниците ги отфрлуваат тврдењата дека објектот би можел да биде од вештачко, односно вонземско потекло.