Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации – FAО.

Индексот на цените на основните прехранбени производи на FAО во просек изнесуваше 125,1 поени во ноември и беше за 1,2 отсто понизок отколку во октомври, според ревидираните податоци. Во октомври, цените паднаа за 1,6 отсто на месечна основа, според новите податоци на FАО.

Индексот за ноември покажува дека цените на основните прехранбени производи се за 2,1 отсто пониски од минатата година.

Цената на шеќерот падна најсилно во ноември, за 5,9 отсто во споредба со октомври, со очекувања за обилна понуда и силни трендови на производство во Бразил, Индија и Тајланд.

Цените на млекото и млечните производи паднаа за 3,1 отсто, со значително намалување на цената на путерот и полномасното млеко во прав, во услови на поголемо производство на млеко и изобилство на понуда во главните производствени региони.

Растителните масла, исто така, поевтинија за 2,6 отсто, со значително пониски цени на сончогледовото масло поради подобрената понуда од регионот на Црното Море. Цените на палминото масло, исто така, се намалија поради добрата жетва во Малезија.

Намалени биле и цените на месото, и тоа за 0,8 отсто, што ги одразува пониските цени на живинското месо поради изобилството на понудата и зголемената глобална конкуренција. Цените на свинското месо, исто така паднаа, првенствено поради изобилството на понудата и слабата побарувачка во Европската унија и кинеските тарифи што го блокираа набавката.

Цените на житарките се зголемија за 1,3 отсто во споредба со октомври, при што цените на пченицата скокнаа за 2,5 отсто поради стравувањата дека непријателствата во регионот на Црното Море би можеле да го нарушат снабдувањето и да ги намалат засадените површини во Русија.

Во посебен извештај за понудата и побарувачката на светските пазари на житни култури, FAO пресмета дека светското производство првпат ќе надмине три милијарди тони оваа годинаи ќе достигне нов рекорд откако почна да објавува податоци, првенствено благодарение на очекуваната добра жетва, особено во Аргентина, но и во ЕУ и САД.

Потрошувачката на житни култури треба да се зголеми за 2,1 отсто во сезоната 2025/2026, на 2,93 милијарди тони, според новите пресметки на FAO. Залихите на крајот од сезоната во јули следната година треба да бидат за 6,5 отсто повисоки отколку на почетокот, достигнувајќи нов рекорд од 925,5 милиони тони.

Трговијата со житни култури треба да се опорави во 2025/2026 година, по „потисната“ минатата сезона, и да се зголеми за 3,3 проценти на 500,6 милиони тони, според пресметките на FAO.

globe

Слични новости

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството

Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата на 64 долари

Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена