Цените на храната драстично се зголемија во февруари првпат од есента минатата година, како одраз на повисоките цени на шеќерот, млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна при Обединетите нации – ФАО.
Индексот на цените на кошничката за храна на ФАО во февруари била во просек 127,1 поен, што е за 1,6 отсто повеќе од јануари. Цените на храната се зголемија во февруари првпат од октомври минатата година, покажуваат податоците на ФАО. Во однос на февруари минатата година тие се во пораст од 8,2 отсто.
Најмногу во февраури поскапеле шеќерот, за 6,6 отсто во однос на јануари, поради прогнозите за слаба понуда во сезоната 2025/2026 при неповолни временски услови во Бразил.
Значително се зголемила и цената на млекото и млечните производи, за 4 отсто, поради силната побарувачка која го надмина производството во клучните извозни региони.

Растителните масла поскапеле за 2 отсто во однос на јануари, поради стравувањата од можна намалена понуда на сончоглед и масло од репка во наредните месеци.
Индексот на цените на житарките на ФАО покажа значително поблаг пораст, за 0,7 отсто во однос на јануари, при што цените на пченицата пораснаа поради намалениот руски извоз. Цените беа поттикнати и од стравувањата за земјоделските култури во некои делови на Европа, како и во Русија и САД.
Цените на месото се задржаа повеќе или помалку на јануарското ниво во февруари.
Во посебен извештај за понудата и побарувачката на житни култури, ФАО малку ја зголеми својата проценка за производството на житни култури во 2024 година на 2,842 милијарди тони, што би значело дека само малку ќе се намали во споредба со 2023 година.
Зголемената проценка првенствено го одразува поголемото производство на пченица во Иран.
Годинава глобалното производство на пченица треба да се зголеми за речиси еден процент, на 796 милиони тони, пресметаа тие.
Растот ќе биде поддржан од очекуваното повисоко производство во Европската унија, особено во Франција и Германија, при што агенцијата на ОН предупредува дека слабите врнежи во Источна Европа би можеле да ги намалат приносите. Во Западна Европа, заканата може да биде прекумерни врнежи, забележуваат тие.
Сушата може да ги загрози и приносите во САД, иако земјоделците треба да ја зголемат површината под пченица, забележува ФАО.
Производството на ориз треба да започне во сезоната 2024/2025 да достигне рекордни 543 милиони тони, благодарение на позитивните изгледи за културите во Индија и поволните услови за одгледување во Камбоџа и Мјанмар.
Потрошувачката на житни култури во тековната сезона ќе изнесува 2,867 милијарди тони, според проценките на ФАО, и ќе биде за 1,0 отсто поголема отколку во 2023/2024, благодарение на очекуваната рекордна потрошувачка на ориз.
Залихите на жито треба да бидат за 1,9 отсто пониски на крајот на тековната сезона во јули отколку на почетокот, паѓајќи на 869,3 милиони тони, но сепак сигнализираат солидна понуда.
Трговијата со житни култури се очекува да се намали за 5,6 отсто во тековната сезона, на 484,2 милиони тони, според новите проценки на ФАО.
Слични новости
Нафтата поскапе кон 70 долари
Цените на нафтата се искачија во вторник на меѓународните пазари до 70 долари, бидејќи послабиот американски долар ја поддржа побарувачката, засенувајќи ги стравувањата дека бранот царини може да предизвика рецесија во САД
Европските инвеститори претпазливи, индексите стагнираат
На европските берзи во вторник се тргува внимателно, а берзанските индекси стагнираат, по вчерашниот значителен пад
Благ раст на доларот, ценате на нафтата стагнира
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо се зголеми во претпладневното тргување во вторникот, но и натаму се движи недалеку од најниското ниво во последните четири месеци