Цените на становите и куќите во Германија, особено во поголемите урбани центри, продолжуваат да растат, според новите податоци што покажуваат дека нивната цена се зголемила за 3,8 отсто во третиот квартал, објавија германските медиуми во средата.
Најголемо зголемување на цената на квадратен метар стан е забележано во Минхен, Келн, Дизелдорф, Берлин и Хамбург, каде што цените се зголемиле за повеќе од 5 отсто во рок од една година.
Просечната цена на квадратен метар станови и куќи се зголемила за 3,8 отсто во споредба со истиот период минатата година, објавија германските медиуми, повикувајќи се на податоци од истражувањето на Здружението на германски хипотекарни банки (VDP).
Цените особено се зголемија, за 4,6 отсто, во поголемите градови.
Просечната цена на квадратен метар во Берлин сега е 5.400 евра, додека просечната цена по квадратен метар во поатрактивните населби како што се Мите, Пренцлауер Берг и Кројцберг е околу 7.500 евра.
Цените во другите германски градови се високи со години, а Минхен сè уште е водечки со просек од 9.700 евра по квадратен метар станбен простор.
Според прогнозите на порталите за недвижности, цените би можеле да продолжат да растат во иднина, првенствено поради имиграцијата и растот на населението, особено во поголемите градови.
Друга причина што се наведува е стагнацијата на станбената изградба, со оглед на тоа што владите последните години не беа во можност да ја исполнат својата годишна квота за новоизградени станови.
Неодамнешна студија на советот во Берлин покажа дека населението на германската метропола би можело да надмине четири милиони во следните неколку години.
Слични новости
Раст на светските берзи, се чека намалување на каматните стапки во САД
Цените на акциите на светските берзи пораснаа минатата седмица, втора по ред, благодарение на верувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки следната седмица
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам


