Цените на нафтата главно стагнираат, бидејќи се очекуваат дополнителни тензии на берзата предизвикани одвојната во Иран.
Берзанските експерти изразуваат умерен оптимизам за актуелните случувања на Блчискиот исток и се надеваат дека конфликтот наскоро би можел да се смири, што би овозможич и сообрачај низ Ормутскиот теснец, пренесе Трејдинг економикс.
Цената на нафатата Брент се движи на ниво од околу 95 долари за барел, а цената на американската сирова нафта ВТИ изнесува 92 долари по барел.
Слични новости
Продолжуваат да растат цените на гасот и нафтата како последица на војната на Блискиот исток
Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денес скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата од типот Брент надминаа 84 долари за барел.
Голем пад на азиските берзи поради војната на Блискиот Исток
Најголемите загуби беа забележани во Сеул, каде што тргувањето заврши со пад на пазарот од 12 проценти, најголем пад во историјата. За два дена, референтниот индекс на Јужна Кореја изгуби повеќе од 18 проценти од својата вредност, додека валутата падна на најниско ниво во последните 17 години.
Цените на гасот во Британија пораснаа за 93 насто
Големопродажната цена на гасот во Велика Британија порасна за 93 насто од почетокот на војната на Блискиот исток. Скај њуз пренесува дека само денеска цената на гасот порасна за 32 насто


