Цените на нафтата се стабилизираа во вторник на меѓународните пазари близу 73 долари, балансирајќи меѓу американското објавување царини за купувачите на барели од Венецуела и индициите дека водечките производители се подготвуваат да ја зголемат понудата во мај.
На лондонскиот пазар со барелот нафта од марката Brent попладнето се тргуваше по речиси иста цена како и на вчерашното затворање на пазарот, 73,19 долари. Позначителни промени немаше и на американскиот пазар каде со барелот од марката WTI се тргуваше по 69,18 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во понеделникот поскапе за 20 центи на 75,11 долари.

Трговците беа затекнати на почетокот од седмицата од најавата на Вашингтон дека ќе воведе царини од 25 отсто за земјите кои купуваат нафта и гас од Венецуела почнувајќи од април.
„Секундарните царини“ ќе се применуваат од 2 април, објави американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social, оправдувајќи ја одлуката со тврдењето дека Венецуела испратила „десетици илјади“ луѓе со „многу насилна природа“ во САД.
Претходно во сабоата, венецуелскиот претседател Николас Мадуро објави дека е постигнат договор со Вашингтон за враќање на летовите за репатријација на мигрантите.
Најголеми купувачи на венецуелска нафта во февруари беа Кина и САД, според компанијата за следење на пловидбата на бродови „Kpler“, но Вашингтон оттогаш му наложи на „Shevron“ кој имаше дозвола за трансакции со венецуелската нафта, да ги прекине операциите во Венецуела до почетокот на јуни. Со заминувањето на „Shevron“, венецуелското производство би можело да се намали за приближно 200.000 барели дневно, според пресметките на аналитичарите на ANZ.
Кон крајот од минатата седмица, Вашингтон првпат санкционираше независна кинеска рафинерија „ Shandong Shouguang Luging Petrochemical Co.Ltd“, и брод што ја снабдува со иранска нафта. Санкции беа воведени и на нафтениот терминал во Кина „Huaying Huizhou Daya Bay Petrochemical Terminal Storage“ за купување и складирање нафта испорачана од санкциониран брод.
Заострените американски санкции ќе го намалат иранскиот извоз за милион барели дневно, проценуваат аналитичарите на ANZ Bank. Во февруари, Иран извезуваше нешто повеќе од 1,8 милиони барели дневно, според проценките на компанијата „Kpler“.
Според четирии извори кои зборувале за Reuters, спротивставувањето на проценките за презаситеноста на понудата беа навестувања од Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници големи независни производители познати како OPEC+ дека ќе стават повеќе барели на пазарот во мај. Цените се стабилни и групата има намера да принуди неколку членки да го намалат производството поради пречекорување на квотите.
Од 2022 година OPEC+ го намалува производството за 5,85 милиони барели дневно за да ги поддржи цените, што е еквивалентно на околу 5,7 отсто од глобалната понуда. Тие планираат да ја зголемат понудата за 138.000 барели дневно од април, според пресметките на Reuters, а во мај на пазарот ќе пуштат дополнителни 132.000 барели дневно.
Последната американска одлука за царините ги зголеми цените на нафтата, за потоа да ги закочат извештаите дека OPEC+ дополнително ќе го зголеми производството во мај, објаснуваат аналитичарите во „Panmurа Liberum“.
Слични новости
Доларот зајакна, нафтата благо поскапе
На девизните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо порасна во средата во претпладневното тргување, втор ден по ред
Благ раст на Волстрит во претпазливото тргување
На Волстрит, берзанските индекси во вторник благо пораснаа втор ден по ред, при што тргувањето е претпазливо бидејќи економските показатели не се многу импресивни
Скок на приходите и профитот на кинескиот BYD во 2024.
Кинескиот производител на електрични автомобили BYD објави остар раст на приходите и профитот во 2024 година, при што продажбата на целосно електрични и хибридни возила скокнала за повеќе од 40 проценти