Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три отсто откако Сoединетите Американски Држави извршија нови напади врз Иран, насочени кон воена локација во Бандар Абас, стратешки пристанишен град, а Иранската револуционерна гарда возврати со напад врз американска воздухопловна база, пренесува Ројтерс.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел.

Фјучерсите на американската сирова нафта ВТИ се зголемија за 3,31 долари, или 3,73 отсто, достигнувајќи цена од 91,99 долари за барел.

 

Претходно, двата референтни индекси забележаа пад од повеќе од пет отсто и го достигнаа најниското ниво во последниот месец, поради надежите дека САД и Иран би можеле да постигнат договор за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и податоците од САД, според кои залихите на сурова нафта минатата недела се намалиле за 2,8 милиони барели.

 

Слични новости

Европските индекси и натаму во пораст, нафтата Брент 106 долари за барел

Европските индекси и натаму во пораст, нафтата Брент 106 долари за барел

Европските берзански индекси денеска втор ден по ред се во плус, додека вниманието на светските берзи е насочено кон дводневниот самит во Пекинг меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг.

Потрошувачката на вино во светот на најниско ниво од 1957

Потрошувачката на вино во светот на најниско ниво од 1957

Глобалната потрошувачка на вино минатата година падна на најниско ниво од 1957 година, достигнувајќи 208 милиони хектолитри. Ова представува пад од 2,7 насто во однос на претходната година и вкупен пад од околу 14 проценти во однос на 2018 година, пренесе германскиот весник Шпигел.