Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три отсто откако Сoединетите Американски Држави извршија нови напади врз Иран, насочени кон воена локација во Бандар Абас, стратешки пристанишен град, а Иранската револуционерна гарда возврати со напад врз американска воздухопловна база, пренесува Ројтерс.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел.

Фјучерсите на американската сирова нафта ВТИ се зголемија за 3,31 долари, или 3,73 отсто, достигнувајќи цена од 91,99 долари за барел.

 

Претходно, двата референтни индекси забележаа пад од повеќе од пет отсто и го достигнаа најниското ниво во последниот месец, поради надежите дека САД и Иран би можеле да постигнат договор за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и податоците од САД, според кои залихите на сурова нафта минатата недела се намалиле за 2,8 милиони барели.

 

Слични новости

Нафтата повторно тече: Ирак испраќа десетици милиони барели по деблокадата на Ормутскиот теснец

Нафтата повторно тече: Ирак испраќа десетици милиони барели по деблокадата на Ормутскиот теснец

Одлуката на Техеран целосно да ги укине ограничувањата за пловидба овозможува отпремување на 20 танкери со нафта, чиј вкупен капацитет достигнува 23 милиони барели сирова нафта произведени во Басра.

Цените на нафтата паднаа за нови 10 насто

Цените на нафтата паднаа за нови 10 насто

Цената на нафтата Брент се движи под 90 долари за барел, а американската сирова нафта падна на 84 долари за барел, пренесе Трејдинг економикс. Ова е најниско ниво на цената на нафтата во последните 5 недели.