Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три отсто откако Сoединетите Американски Држави извршија нови напади врз Иран, насочени кон воена локација во Бандар Абас, стратешки пристанишен град, а Иранската револуционерна гарда возврати со напад врз американска воздухопловна база, пренесува Ројтерс.

Фјучерсите на суровата нафта „брент“ се зголемија за 3,51 долари, односно 3,72 отсто, достигнувајќи 97,8 долари за барел.

Фјучерсите на американската сирова нафта ВТИ се зголемија за 3,31 долари, или 3,73 отсто, достигнувајќи цена од 91,99 долари за барел.

 

Претходно, двата референтни индекси забележаа пад од повеќе од пет отсто и го достигнаа најниското ниво во последниот месец, поради надежите дека САД и Иран би можеле да постигнат договор за прекин на конфликтот и повторно отворање на Ормускиот Теснец.

Дополнителен притисок врз пазарот создадоа и податоците од САД, според кои залихите на сурова нафта минатата недела се намалиле за 2,8 милиони барели.

 

Слични новости

Нови рекорди на Волстрит

Нови рекорди на Волстрит

Берзанските индекси на Волстрит повторно достигнаа рекордни нивоа, додека силен раст бележат и азиските пазари, поттикнати од побарувачката за технологии поврзани со вештачката интелигенција.

Нафтата Брент денеска благо порасна на 102 долари за барел, по падот од 8 проценти во средата

Нафтата Брент денеска благо порасна на 102 долари за барел, по падот од 8 проценти во средата

Откако потенцијалниот договор меѓу САД и Иран за целосно окончување на војната придонесе за пад на нафата на светските берзи за 8 насто во средата, денеска цената на нафтата повторно бележи благ пораст, а барел Брент чини 102 долари на светските берзи.