Цените на нафтата се стабилизираа во средата на меѓународните пазари близу 63 долари, поради очекувањата за поголема побарувачка на гориво од САД пред празничниот викенд и разговорите за рамката за мировен договор во Украина.
Со барелот сурова нафта доцна попладнето се тргуваше по цена за 25 центи повисока отколку на затворањето на берзата ден претхоно, за 62,73 долари. На американскиот пазар, пак, барелот беше за 35 центи поскап од вчера, на 58,30 долари.
Засебните пресметки на Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) покажуваат дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот поскапел за 23 центи, на 63,43 долари.
Трговците оваа седмица беа преокупирани со преговорите за новите предлози на САД за рамката за мировен договор во Украина. Вашингтон, според извештаите на медиумите, изготви рамка од 28 точки кон крајот на минатата седмица, која беше намалена на 19 поени по разговорите со украинските претставници во неделата. Деталите сè уште не се разработени, а украинскиот претседател Володимир Зеленски би можел да отпатува во САД пред крајот на ноември за да го финализира предложениот договор, според извештаите на медиумите.
Мировниот договор би можел да го олесни пристапот до руска нафта, евентуално со ублажување на санкциите. Изјавите од Русија сугерираат дека Москва ќе го отфрли договорот во оваа форма, доколку утврди дека тој отстапува од договороното во разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега Владимир Путин во Алјаска во август, претпоставуваат аналитичарите од банката ING.
Ставот на Русија веројатно ќе стане појасен наредните денови, шпекулира ING, потсетувајќи дека специјалниот американски претставник Стив Виткоф наскоро треба да ја посети Москва.
Трговците, исто така, почувствуваа „зголемување“ на побарувачката во САД пред Денот на благодарноста и празничниот викенд кога многу Американци патуваат, па затоа побарувачката за горива традиционално се зголемува.
Залихите на сурова нафта се зголемија за 2,77 милиони барели минатата седмица, покажаа податоците од Министерството за енергетика. Залихите на бензини и дестилати, исто така, се зголемија, за 2,5 милиони и 1,1 милион барели, соодветно.
Цените беа поткрепени и од шпекулациите дека американската централна банка би можела повторно да ги намали клучните каматни стапки. Во такво сценарио, доларот би можел да ослабне, па куповната моќ на купувачите со други валути би се зајакнала а тоа би се преточило во посилна побарувачка.
Слични новости
Десет големи европски банки правата нова стабилна криптовалута врзана за еврото
Десет големи европски банки постигнаа договор преку заедничката фирма Кивалис да создадат нова стабилна криптовалута (Стејблкоин) врзана за еврото за да создадат алтернатива на американските криптовалути
Стелантис го намалува производството
Според проценките на синдикатите производството во пет француски фабрики за склопување автомобили се очекува да падне за околи 11 проценти меѓу 2025 и 2028 година.
Усогласена Регулативата за целосна забрана на увозот на руски гас во ЕУ
Се проценува дека оваа Регулатива ќе резултира со ставање крај на зависноста на ЕУ од руските енергенси, ќе има значителни ефекти врз европскиот енергетски пазар, правејќи го отпорен и независен


