Цената на нафтата Брент повторно скокна и стигна до 107 долари по барел, што е раст повисок од 5 проценти во однос на вчерашниот ден, неколку часа откако американскиот претседател најави брзо завршување на војната со Иран, но и посилни удари врз Техеран во наредните две до три недели.

Цените на нафтата и гасот вчера паднаа, а нафтата Брент дојде и под 100 долари по барел, откако берзите се надеваа дека војната бргу ќе биде завршена.

Во пораката до нацијата Трамп најави дека САД ќе ги гаѓаат иранските постројки за нафта, што придонесе за голем пораст на цената на нафтата на берзите.

Слични новости

Нов штрајк во „Луфтханза“

Нов штрајк во „Луфтханза“

Дводневен штрајк што предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај започнаа пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“.